Вонредната состојба донесе нови мерки и во поглед на личните документи. Ако поминала важноста на личната карта или пасошот, сепак документот е валиден за времетраењето на вонредната состојба, вели одговорниот за односи со јавност на МВР, Тони Ангеловски за Слободен Печат.
За ова Владата донесе уредба таа е на сила додека трае прогласената состојба. Откако ќе заврши вонредната состојба, граѓаните ќе имаат рок од 30 дена да ги обноват документите чија важност поминала.
– И покрај вонредната состојба, службите за вадење на лични документи функционираат
редовно и им стојат на располагање на граѓаните за било кој документ што им е потребен, а е во
надлежност на МВР. Работното време за вадење лични документи е секој работен ден од 8 до 16
часот, вели Ангеловски.
Во врска со проблемите околу издавањето на пасоши, Ангеловски вели дека тие се надминати и секој граѓанин може да аплицира и тоа преку телефонскиот број 072 92 92 92 или електронски, преку интернет страната на МВР.