Членови на кризниот штаб на Владата брифираат дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска гласал против одлуката за намалено ограничување на движењето на граѓаните за време на првомајските празници.
Министерот Чулев на владиниот штаб и на владината седница влегол во оценка на психичкото и социјалното однесување на граѓаните, тврдејќи дека граѓаните биле агресивни.
Тврдењето за агресивноста на граѓаните Чулев го користел и како оправдување зошто полицијата не постапува соодветно со оние кои не носат маски или не го почитуваат правилото за негрупирање.