Двајца полициски службеници од Париз се суспендирани откако беа снимени како употребуваат исклучително навредлива расистичка реторика, пишува BBC.
Полицајците на видеото употребуваат крајно навредлив термин за лица од северниот дел на Африка, и тоа додека спроведувале апсење неколкупати употребиле навреда „дека не знае да плива“.
Снимката вирално се рашири по социјалните мрежи и разгоре реакции на негодување ширум Франција.
Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастањер силно ги искритикува полициските службеници, велејќи дека „во полицијата нема место за расизам.“
Полицискиот комеасар пак на Твитер истакна дека „со одобрение на министерот за внатрешни работи, шефот на полицијата Дидие Лалеман побарал двајцата полицајци да бидат суспендирани заради недоличните расистички коментари кои се снимени на виралното видео.“
Инцидентот се случил рано утрото во недела во предградие на северниот дел од Париз.
Ситауцијата настанала кога полицијата бркала лице сомнително за кражба, кое рипнало во реката Сена за да ѝ избега на полицијата, но бил извлечен од реката.
? GLAÇANT
À L’ile-Saint-Denis très tôt ce matin(1h43), lors d’une interpellation des policiers repêchent un homme qui s’est jeté dans la Seine pour leur fuir, je vous laisse découvrir la suite : pic.twitter.com/vcqepo7NNZ
— Taha Bouhafs (@T_Bouhafs) April 26, 2020