Учебната година нема да се повторува од септември, рече на денешната прес конференција министерот за образование, Арбр Адеми.
Според него, воведените мерки и системот за учење на далечина успешно се спроведуваат. Адеми додаде дека наставниците имаат насоки како да ги пренесуваат знаењата и како да ги оценуваат учениците.
Министерот соопшти дека учениците кои поради социјални причини не поседувале уреди за комуникација или интернет, го надминале проблемот со помош на бизнис заедницата локалната самоуправа и „Македонски телеком“.