И градоначалникот на Крива Паланка Борјанчо Мицевски ќе се откажи и ќе го донира остатокот од платата во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19, ако Уставен суд одлучи да го поништи Указот за минималната плата на избрани функционери, пратеници, обвинители, судии.
„Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, моето лично право не може никој да го укине. Поради тоа разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид 19.
Живееме во време во кое секој од нас, треба да покаже барем малку солидарност и колективна одговорност.
Државните функционери (секој од нас поединечно) треба да предничат во тоа чувство на одговорност, а пред се оние со социјалдемократска определба.
Седете дома (иако е тешко). Секој од нас е одговорен за своето и јавното здравје.
Почитувајте ги препораките за социјална дистанца и носење на заштитна опрема.
Во извештаите за состојбата на заболените, луѓето се само бројка, но, почитувани, таа бројка може да биде било кој од нас.
Секој е важен. Секој човек е важен.“ напиша градоначалникот Борјанчо Мицевски на Фејсбук