Пандемијата од корона вирусот измени многу секојдневни навики – посебно начинот на кој луѓето јадат на јавни места.
На Bored Panda е објавена галерија со реакции и фотографии како сега изгледаат некои од најпогодените делови од Азија кои се справија со епидемијата од корона вирус. Некои превенции сѐ уште важат, како држење одредено растојание, носење маски, па дури и преградени сепариња и маси, сѐ со цел да се намали ризикот.
Многу корисници на социјални мрежи со задоволство споделуваат фотографии од своите искуства по завршување на пикот од пандемијата во нивните земји, каде животот полека се враќа во нормала. Сепак, некои измени остануваат како превенција.
Секој ресторан или друг угостителски објект има свои правила и рестрикции, вработените постојано носат маски и го дезинфицираат приборот за јадење пред гостите, бесплатен е дезифициенсот за раце за секој, итн.
На влегување во некои ресторани дури се премерува температура, разделени се сепарињата за седење, а на масите има прегради.
А. Н. Стојчевски