Владеачката СДСМ со коментар за техничкиот министер за внатрешни работи од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Наќе Чулев, откако при сѐ уште незатворен случај, избрза да го коментира во јавност видео материјалот на кој се гледа Мицкоски по втор пат во теретана во време кога таквите објекти се затворени.
Министерот Чулев даде изјава во која ја убедува јавноста дека видео снимката е од октомври, минатата година, а на која јасно се гледа како придружбата на Мицкоски носи заштитна опрема против корона вирусот.
Дополнително, од СДСМ посочуваат и дека ваквата постапка на Чулев е класичен пример за предвремена заштита на Мицкоски.
Залудни се обидите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, да ја убедат јавноста дека видео снимката е стара и дека нивниот шеф Мицкоски ги почитува мерките за спречување на ширење на корона вирусот.
Иако датумот кога е направена видео снимката сѐ уште не е утврден од страна на полицијата, Чулев ја затвори истрагата и побрза случајот да го објави во јавноста.
Последниот случај со видео снимката на Мицкоски и на командантот на „Тигрите“, Бисовски е класичен пример како министерот пред време се става во заштита на Мицкоски, стои во статусот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.
А. Н. С.