Последниве неколку дена јавноста ја разбранува информацијата дека на едниот дел од Градскиот Трговски центар во Скопје, кој беше спасен од барокната инвазија во рамките на проектот Скопје 2014, поставени се основи за инсталација на панорамски лифт.
Градскиот татко на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање, појасни дека бил против ваквиот чекор и панорамскиот лифт не е дел од проектот на град Скопје за зазеленување на кровот на ГТЦ.
Градоначалникот истакна дека било побарано од управата на трговскиот центар активностите да бидат запрени и се надева дека и тој разговор имал ефект во запирањето на градежните работи.
А. Н. С.