ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јанушев спинува, Уставот дозволува свикување на Собранието

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев даде изјава во која има извртување на вистината, т.е. спин:

April 30, 2020 16:16
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Јанушев е само во едно во право, дека нема дилема. Нема дилема дека и Уставот во член 63, став 4 и според Законот за собрание во Чл. 5, став 2, пратениците имаат манат до избоорот на новиот состав на Собранието и дека во услови какви што се овие, Собранието, иако е самораспуштено, може повторно да се состане. Спротивното тврдење е спин, пишува Вистиномер.мк.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев даде изјава во која има извртување на вистината, т.е. спин:

Спин: Јасно е пропишано во кои ситуации и како тоа се прави. Иако единствената причина за тоа е барање за да се потврдат уредбите од вонредната состојба, тогаш апсолутно не гледам никаква причина да се прави на овој начин.Уставот е јасен дека не може повторно да се свика Собранието и тука нема апсолутно никаква дилема во однос на тоа.

[Извор: ВМРО-ДПМНЕ – Јанушев, изјава, датум: 29.04.2020]

Контраспин:

Прашањето за повторно свикување на Собранието, иницијатива што беше поднесена од страна на 30-тина пратеници од последниот состав на Парламентот, и натаму е актуелно прашање околу кое наместо факти се употребуваат дезинформации и спинови, а најнов е забележан од страна на Игор Јанушев, ген-секот на ВМРО-ДПМНЕ, со неговото тврдење оти Уставот бил јасен дека не може повторно да се свика Собранието.

Токму обратното. Уставот е навистина јасен и според одредбите напишани во него, Собранието може да се свика.

Клучно за разбирање на проблемот е да се чита Уставот, а потоа и законските прописи што го регулираат ова прашање. Па, така, клучен член што треба да се прочита е Чл. 63 од Уставот кој има шест става:

Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.

Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.

Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.

Со закон се утврдува неспојливоста и неизберливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии.

Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.

За да се разберат работите, треба да се фокусир вниманието на многу јасниот став 4:

Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба.

Токму оваа одредба била клучна и за Уставниот суд кој веќе расправал и тоа не само еднаш по ова прашање, туку дури врз основа на три иницијативи и тоа во 2016 година.

Повеќе за ова може да се најдат информации во претходниот текст на „Вистиномер“, и да се отворат конкретните одлуки на Уставниот суд.

Што се однесува за тезите дека мандатот бил вратен и не можел да се воспостави повторно, што е, исто така, еден спин, нужно е да се погледне и Законот за Собранието, Чл.5, став 2:

(2) Мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници, но не подолго од четири години.

Значи и во законот што ја регулира оваа материја јасно се кажува до кога трае мандатот – до изборот на новиот состав на Собранието, но не подолго од четири години.

Токму и затоа е ставот 4 во член 63 од Уставот и  став 2, член 5 од Законот. Собранието е со важечки мандат на сите пратениците и на „првиот меѓу еднаквите“, спикерот Талат Џафери. Токму и затоа, тој оди на седници на Советот за безбедност или на други, ако биде повикан, а токму и затоа пратенците примаат плати до престанокот на мандатот.

Секое друго толкување е спин, па, така, спин е и толкувањето на Јанушев дека Уставот бил апсолутно јасен и самораспуштено Собрание не можело да се свика.

Извор: ВИСТИНОМЕР.МК

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Активни 11 пожари, владата прогласи кризна состојба

July 8, 2025
Фото: МИА

„Support Kocani“ со втора пратка компресивна облека за повредените во пожарот

July 8, 2025

Убиен командантот на Хамас Мехран Мустафа Баџур во израелски напад на Либан

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто се извини Мицкоски?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Град Скопје алармира: Рекордна потрошувачка на вода, масовни диви приклучоци и напад врз советничка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk