Aктерката Владанка Димковска во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше за општествената одговорност која ја имаат актерите за состојбите во општеството.
– Ние актерите имаме голема општествена одговорност и треба да ги следиме општествените текови. Треба да бидеме гласни и да зборуваме за ситуациите во општеството и да им помогнеме пред сè на помладите од нас, бидејќи тие почнуваат да ја формираат својата мисла и многу е битно какви информации ќе допрат до нив. Тие информации треба да се позитивни, чисти, да не се лажни вести и да доаѓаат од луѓе коишто поминале низ еден таков пат, изјави Димковска
Таа додаде дека театарот апсолутно ништо не може да го замени.
-Театарот ништо не може да го замени. Тој преживеал и војни и чуми. Сметам дека ќе се роди нешто многу поубаво, нешто ново, нова перспектива која ќе биде многу попривлечна за обичниот човек, истакна актерката Владанка Димковска.