Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од негово име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, упати честитка по повод Денот на трудот и работничките права.
Почитувани граѓани, би сакал од свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија да Ви го честитам Меѓународниот ден на трудот, Први мај.
Први мај ја одбележува борбата за права на работниците и го одржува споменот на жртвите од чикашкиот штрајк поради кој овој датум се одбележува традиционалнo со демонстрации.
Исклучително е важно да се поддржуваат работниците, не само за остварување, туку и зголемување на нивните права, особено од нас како креатори и политички чинители. Ниту еден економски напредок не може да биде постигнат без најважниот фактор, а тоа е човечкиот труд и потенцијал. Во овие денови исполнети со предизвици и неизвесност предизвикани од Коронавирусот, вредноста на работниците е уште
поскапоцена.
Затоа драги граѓани, дозволете уште еднаш да Ви го честитам Денот на трудот и да ја
искажам мојата поддршка во барањата за остварување на Вашите работнички права, се вели во честитката на Џафери.
А. Н. С