Успеавме! Победа за работниците над капиталистите! Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот!, напиша Кристина Ампева од Гласен текстилец на својот фејсбук профил.
„Со промените, усогласени со синдикатите и граѓанските здруженија за заштита на работничките права, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година)”, напиша Ампева.