ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владата заседаваше на 1 Мај, гарантирани се работните места преку државна финансиска помош

Со промените, усогласени со синдикатите и граѓанските здруженија за заштита на работничките права, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година)

May 1, 2020 12:32
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Hа 48-мата седница на Владата на Република Северна Македонија што се одржа денеска, 1 мај, донесена е измена на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работниците и работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

Со промените, се потврдува, гарантира и засилува владината политика за спас на работни места во услови на криза предизвикана од корона вирус, се обезбедува заштита на работничките права, достоинствен приход и се оневозможува неправедно прекинување на работниот однос на работниците.

Со промените, усогласени со синдикатите и граѓанските здруженија за заштита на работничките права, се утврдува дека работодавачот кој ќе користи финансиска поддршка за исплата на плати, не смее да го намали бројот на вработени во месец април 2020 година, како и два месеци после нејзиното престанување (заклучно со месец јули 2020 година), освен заради:

– пензионирање и смрт на работник,
– откажување на договорот за вработување од страна на работникот,
– откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски,
– спогодбено преземање на работник,
– престанување на важноста на договорот за вработување врз основа на судска пресуда и
– престанување на важноста на договорот за вработување поради утврдена трајна неспособност за работа.

Уредбата определува дека вкупниот број на вработени на кои по исклучиво по овие основи би им бил прекинат или завршен работниот однос, заклучно со месец јули 2020 година не смее да биде повеќе од:

– 15% кај работодавач кој имал до 50 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка,
– 10% кај работодавач кој имал од 51 до 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка и
– 5% кај работодавач кој имал над 250 вработени во месецот за кој користел финансиска поддршка.

На продолжението на оваа своја седница Владата донесе и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба.

Со ова дополнување се овозможува ретроактивно вработување на лицата на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април и соодветно нивно пријавување во системот на задолжително социјално осигурување, со што ќе се намалат последиците од настанатите состојби во овој период.

Работодавачите кои ќе се согласат на ретроактивно вработување на лицата на кои им престанал работниот однос во периодот од 11 март до 30 април, тоа ќе можат да го направат до 7 мај, и на тој начин да ги исполнат критериумите за да се стекнат со правото на користење на мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Моментално се активни 606 случаи на Ковид-19 кај нас, денес се оздравени 69 пациенти

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk