Први мај – Денот на трудот согласно Законот за празниците е државен празник и е неработен ден за сите вработени.
Министерството за труд и социјална политика, на својата официјална страна потсетува дека работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата.
Согласно Законот, работодавачот е должен претходно писмено да го извести подрачниот државен инспекторат за труд за работење на државен празник.
Секое прекршување на регулативата работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на мејлот [email protected].