ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Светска банка одобри 90 милиони евра за земјава во справувањето со Ковид-19

Преку проектот ќе се обезбеди социјална помош за да се ублажат ефектите од коронакризата кај најпогодените.

May 1, 2020 08:01
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Канцеларијата на Светска банка во Скопје соопшти дека се одобрени 90 милиони евра за поддршка на земјава за спречување на корона вирусот, за зајакнување на националниот здравствен систем и за ублажување на социјалните последици од пандемијата.

– Со Проектот за итен одговор на состојбата со Ковид-19 ќе се обезбеди директна поддршка за ограничување на локалното пренесување на вирусот преку зајакнување на системите за следење на болестите и на јавните лаборатории преку набавка на дијагностички комплети, реагенси, потрошни материјали, опрема за лична заштита и обука за соодветните протоколи. Ќе биде обезбедена и поддршка за делумни реновирања за да се отворат дополнителни кревети за интензивна нега, за системите за управување и депонирање на медицинскиот отпад и за мобилизирање на дополнителни капацитети во здравствениот систем преку финансирање на платите за обучени и добро опремени здравствени работници директно вклучени во справување со кризата што не биле предвидени во државниот буџет, велат од Светска банка.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Марко Мантованели вели дека поради економските последици од Ковид-19, особено врз ранливите домаќинства, преку проектот ќе се обезбеди социјална помош за да се ублажат овие ефекти и да им се овозможи да се придржуваат на мерките за социјално дистанцирање.

– Светска банка помага луѓето да се заштитат од епидемијата и да се задоволат итните потреби на здравствениот сектор за да се намали притисокот врз здравствениот систем, истакнува Мантованели.

Со проектот ќе се обезбедат и парични надоместоци за ранливите домаќинства погодени од економските последици на КОВИД-19 и обезбедување храна и основни производи за населението во карантин и за домаќинствата погодени од вирусот. Ќе се финансира и осигурувањето во случај на  привремена невработеност преку обезбедување паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места како резултат на кризата.

Next Post

09: Пожар кај Мавровка, видео колумна - зошто ДУИ и ДПМНЕ се против реактивирање на Собранието?

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk