Утрово, по повод Денот на трудот но и заради зголемената потреба од крв во време на борбата со коронавирусот, дарував крв заедно со повеќе членови на моето семејство, пишува на Фејсук профилот на Зоран Заев.
„Солидарноста, хуманоста и меѓусебното помагање се вистинскиот чекор за заедничко добро. Во овие тешки времиња за нашиот народ многу е важно да си помагаме. Заедно е полесно, заедно е човечно, заедно успеваме“, напиша Заев, претседател на СДСМ.