ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Атанасов: Граѓаните да бидат спокојни, инспекторите се постојано на терен

Според Атанасов, ситуацијата се следи на дневна основа, а така се дистрибуираат, па и соодветно се менуваат мерките испорачани до операторите со храна – производството, дистрибуцијата и прометот.

May 2, 2020 09:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните може да бидат спокојни. Инспекторите се постојано на терен. Покрај редовните, интензивно вршат и засилени, вонредни контроли. КОВИД-19 не може да се пренесе преку храната, со нејзина консумација, но може при механичко манипулирање – преку пакувањата на производите во маркетите. Затоа сите, како потрошувачи, мора да се придржуваме до препораките, заедно да придонесеме во борбата против коронавирусот, вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов.

Според Атанасов, ситуацијата се следи на дневна основа, а така се дистрибуираат, па и соодветно се менуваат мерките испорачани до операторите со храна – производството, дистрибуцијата и прометот.

-Вонредните контроли се главно насочени кон кетерингот, малопродажбата и маркетите зашто фреквенцијата на луѓе сега е таму ако се земе предвид дека кафеаните, рестораните, кафетериите или генерално, угостителските објакети се затворија, освен оние што испорачуваат храна, нагласува директорот.

Од почетокот на вонредната ситуација беше јасно, додава, дека во компаниите кои вршат производство и дистрибуција кои во овие моменти се најоптоварени, ќе се појават лица кои немаат завршено курсеви за безбедност на храна и хигиена или кои немаат извршено санитарни прегледи.

-Ни беше јасно дека ќе се соочиме со тој проблем и затоа таму се насочивме. Ако некој ги погледне извештаите што ги доставуваме до Инспекцискиот совет, ќе види дека отстапувањата се во тој сегмент. Нормално, кога компанијата се соочува со недостиг на соодветен персонал кој ги познава и ги применува мерките, ќе пополни место со друг зашто потребата тоа го налага. На пазарот немаше недостиг на храна, успешно се изменаџираа трговијата, пласманот, производството, потенцира Атанасов.

Ваквите пропусти не се однесуваат само на евентуално ширење на КОВИД-от, туку претставуваат опасност и за ширењето на болести преку храна.

-Бројката на евидентирани недоследности не е голема. Во просек е кај три до пет објекти од исконтролирани 60 – 70 во текот на денот што не е некое отстапување. И кога нормално работат угостителските објекти вакви пропусти има. Но, добро е она што инспекторите ќе го утврдат, јавно да се соопшти зашто така луѓето, односно операторите стануваат посвесни, дополнува Атанасов.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бурна реакција по судската одлука во случајот Мицскоски – Дерала

June 19, 2025
Фото: МИА

Розман: Македонија со Словенија и Србија ќе се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет 2034

June 19, 2025

Промоција на книгата „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скриншот

    Шварценегер: Имигрантите во САД се гости

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога премиер тужи новинар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов израелски напад врз Техеран

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk