ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежовска: Народната банка е гарант за стабилноста на цените и на денарот

May 3, 2020 13:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка е гарант за стабилноста на цените и на денарот, порачува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежовска во интервју за „Независен.мк“.

Според неа, клучно е тоа што шокот со кој сега се соочуваат економиите заради пандемијата на ковид-19, не е од економски карактер и оттука, иако се очекува ефектите на краток рок да бидат поголеми, сепак тоа не би требало позначително да се одрази врз долгорочниот потенцијал за раст на економиите и врз макроекономската стабилност.

Во интервјуто, Ангеловска-Бежовска посочува дека во функција на одржување на макроекономската стабилност се низата мерки што се преземаат од страна на носителите на фискалната и монетарната политика, чија ефективност ќе биде еден од важните фактори за справување со предизвиците од корона-кризата.

Потсетува дека структурните и регулаторните промени во нашата економија во изминатите години придонеле за подобрување на фундаментите на економијата. 

– Во изминативе години, кај нас се случуваа структурни промени, видливи особено во структурата на индустриското производство и извозот, коишто ја намалија ранливоста на нашата економија и ги подобрија нејзините фундаменти. Ова придонесе и за речиси континуиран раст на девизните резерви, што е и гаранција за стабилноста на девизниот курс. Исто така, мошне е важно што домашниот банкарски систем е здрав и има потенцијал за обезбедување кредитна поддршка без да се загрози неговата стабилност. Ова е резултат на тоа што во периодот по глобалната финансиска криза од 2008 година, ние ги зајакнавме регулаторните и супервизорските барања, во согласност со зајакнатата европска регулатива, што придонесе за натамошно јакнење на отпорноста на системот. Секако, корона-кризата наметнува потреба од засилено следење и преземање на брзи, ефективни и координирани активности. Во оваа насока неодамна беа зајакнати надлежностите и беше проширен составот на Комитетот за финансиска стабилност во којшто сега учествуваат сите финансиски регулатори, вели Ангеловска-Бежоска.

Во интервјуто, таа се осврнува и на достапноста на финансиска поддршка за македонската економија и на мерките што се во надлежност на централната банка, а најавува дека наскоро во јавноста ќе бидат презентирани и редовните макроекономски проекции кои се во завршна фаза. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Влада: ВМРО-ДПМНЕ не ја кажува вистината, рестораните во државните институции сè уште не работат

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk