ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Клинички случај

May 3, 2020 14:52
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Сѐ додека во медиумскиот простор доминираат квази новинари и креатори на јавното мислење што се однесуваат како гангстери, а во најдобар дел како чистачи на кондури, додека оние што држат до професионалните стандарди и етички норми живеат на граница на егзистенцијата – не можеме да очекуваме вистинска слобода во медиумите.

Сѐ додека владее неказнивост за сејачите на омраза и креаторите на лажни вести и дезинформации, а оние што изнесуваат факти и докази за криминалот, корупцијата и злоупотребите на моќта, функциите и јавните ресурси, завршуваат на суд или се под било кој облик на притисок – нема слобода на говор.

Сѐ додека продукцијата на голем дел од богатите интернет медиуми се заснова на „факти“ што ги објавиле „обични граѓани“ (партиски агитпроп) на своите „невини“ Фејсбук профили – нема медиумски слободи.

Сѐ додека постојат новинарки и новинари што се плашат за својот живот или за својата и безбедноста на своите блиски, кога ризикуваат да изгубат работа затоа што не му се допаѓаат на газдата, на некој политичар или бизнисмен – правото на слобода на изразувањето и информирањето не постои.

Сѐ додека самобендисаните новинарски елити мислат дека изразот „право на слобода на изразувањето и информирањето“ се однесува на нив, а не дека е фундаментално човеково право – не само што нема медиумски слободи, туку нема ни медиуми.

Сѐ додека уредниците и новинарите воспоставуваат лажен баланс во стилот „5 минути за Евреите, ама 5 минути и за Хитлер“ – нема слобода на изразувањето и на информирањето.

Сѐ додека објективната критика и обелоденувањето на погрешни практики и постапки се преземаат во медиумите под контрола на националистите и криминалците и притоа се претвораат во валкан агитпроп памфлет – ништо од објективното информирање.

Сѐ додека најбогати и најдоминантни во јавноста се гнезда на партиски истомисленици и пропагатори, полуписмени насилници и простаци, а притоа голем дел од јавноста ги третира како новинари, а нивните разбојнички пештери ги нарекува медиуми – општеството е клинички случај.

Сѐ додека има медиуми што се финансираат со црни пари во интерес на антизападните центри на моќта и на криминалниот режим, а тоа се толерира и од јавноста и од институциите – нема слобода во тоа општество, туку само страв и неизвесност.

Сѐ додека некој мисли дека треба да плати реклама или на било кој друг начин да му овозможи егзистенција на квази уредник или новинар кој се заканува и уценува (рекетира) – владее законот на џунглата.

Сѐ додека медиумите се третираат како феудални имоти, а медиумските работници како закрепостени селани – ќе продолжиме да тонеме.

Сѐ додека има новинар-к-и што се плашат да напишат текст против националистите и криминалците, „за секој случај“, да не се вратат на власт – криминалниот режим сѐ уште е жив.

Сѐ додека слобода на говор се поистоветува со говорот на омразата и ширењето национална, верска и расна омраза, а сето тоа не наидува ниту на јавна осуда, а камоли санкции – нема надеж за тоа општество.

Сѐ додека инфодемијата не се сфати со истата сериозност како и пандемијата, Белата палата ќе остане Бастилја на лагата, омразата и деструктивноста.

 


Creative Commons 4.0

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk