ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Македонската економија со најмалку штети во регионот, забавување на економијата од 3,4%, позитивни резултати во четвртото тромесечие

Проекцијата на Министерството за финансии сега според коригираните проекции е дека ќе ја завршиме годината со забавување на економијата од 3,4%, а најголеми штети по економијата од коронакризата се очекува да има во второто тромесечје, а веќе во четвртото се очекува закрепнување и позитивен резултат.

May 4, 2020 11:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска на денешната прес-конференција ја претстави реализацијата на Буџетот во април оваа година и ги спореди со ланските резултати.

Буџетските приходи имаат 14,2 милијарди денари, или 20% помалку од тие во април минатата година. Даночните приходи во април имаат пад од 31% споредено со тие во април 2019, истакна Ангеловска. Придонесите се на исто ниво со ланските, а другите приходи имаат 20% пад на годишна основа. Овој пад во приходната страна во буџетот е очекуван со оглед на рестриктивните мерки и корона кризата, посочи министерката Ангеловска и рече дека падот е помал од она што било проектирано во министерството. Разработеното сценарио било попретпазливо од планираното, нагласи министерката.

Министерката Ангеловска истакна дека приходите по основ на ДДВ се остварени помалку за 43,5% во однос на тие лани во април. Овие резултати се очекувани  бидејќи имавме запирање на економската активност, угостителската дејност, услужните дејности и транспортниот сектор, истакна Ангеловска.

Ангеловска посочи дека персоналниот данок на доход има пад од 11,7 проценти, акцизите имаат пад од 40%. Царината како што истакна Ангеловска имала помала наплата за 26% споредено со април лани.

Најголемо или позитивно изненадување имаме кај Данокот на добивка, каде има раст од 3,6% во однос на лани, што говори за успешните резултати на компаниите во минатата година.

Има зголемување кај трансферите за 7% заради зголемените пензии оваа година, а расходите, вели Ангеловска, се на исто ниво како април минатата година.

„Наплатата на придонесите во однос на минатат година има раст од 9,2% што е показател дека 2020 година започна одлично со раст на вработеноста и раст на платите. Мерката за поддршка за покачување на платите на вработените во приватниот сектор ја искористија над 22 илјади компании што резултираше со раст на платите на колу 120 илјади работници“, потенцира Ангеловска.

Проекцијата на Министерството за финансии сега според коригираните проекции, е дека ќе ја завршиме годината со забавување на економијата од 3,4%, а најголеми штети по економијата од коронакризата се очекува да има во второто тромесечје, а веќе во четвртото се очекува закрепнување и позитивен резултат.

Проекциите на меѓународните финансиски институции, пак, очекуваат негативни економски резултати во целиот свет. Меѓународниот монетарен фонд за земјите од ЕУ предвидува пад на економијата од 7,1%, а за македонската економија ММФ предвиде пад од 4%. Кон крајот на април Светската банка излезе со проекција дека македонската економија ќе претрпи најмала економска штета во однос на сите земји од регионот.

Ј. Ѓорѓиоски

 

Next Post

Петров: Аплицирале 5.350 фирми за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 23%

Shortcut

Најново

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk