На социјалната мрежа Твитер се појавија фотографии на кои се гледа како опозициската ВМРО – ДПМНЕ веќе почнува со црната кампања во најава на можно предизборие.
Иако експертите и политичарите се согласни дека најважно е колективното здравје и моментално не се фокусирани на организирање избори, не поминува ден без ДПМНЕ да не докажат дека имаат една реторика пред камери, а сосема поинаква агенда во позадина.
Имено, откако Христијан Мицкоски неколкупати се премисли со изјавите за инсистирање на лидерска средба, потоа најпрво се противеше на вонредна состојба, па инсистираше дури и на трето продолжување, денес, ВМРО- ДПМНЕ одлучи да почне со црна кампања против нивниот најголем опонент, СДСМ.
Меѓу низата дезинформации кои ги пласираат од партијата, иако беа демантирани, повторно посочија кон мерката за покачување на акцизата за нафта за ширење црна кампања.
Уставниот суд во среда ќе одлучува за вонредната состојба во државата, за работата на Собранието, од што зависи и престојниот изборен процес. Предвремените парламентарни избори беа закажани за 12 април годинава, но заради ситуацијата со корона вирусот, беа откажани.
Најновите информации во врска со изборите се дека доколку Собранието повторно почне со работа, изборниот процес почнува одново.
Не сакаат избори, а на големо водат црна кампања против СДСМ. Лицемери и манипулатори вмронски! pic.twitter.com/aK7slJ9gDi
— Zhaneta Kjose (@KjoseZhaneta) May 4, 2020
Ана Н. Стојчевски