ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петров: Аплицирале 5.350 фирми за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, повратот на ДДВ кон фирмите е зголемен за 23%

May 4, 2020 11:31
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На денешната прес-конференција потпретседателот на СДСМ Коста Петров, истакна дека од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата предводена од СДСМ беа да се помогне на што повеќе граѓани, да се зачуваат што повеќе работни места, да се поддржат наште компании, но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата.

Петров истакна дека во услови на најголемата здравствено-економска криза во светот, одржувањето на ликвидноста на стопанството е клучно и токму поради тоа брзиот поврат на ДДВ е една од редовните активности кои се преземаат во таа насока.

„Од почетокот на годината заклучно април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра. Тоа е за 16,7% повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23% повеќе во однос на истиот месец лани.

Во однос на 2018 година повратот на ДДВ за периодот јануари април е зголемен за 19,4%, додека во однос на 2017 за високи 67,6% повеќе.

Ние заедно ќе го изодиме овој тежок пат со вас и ќе продолжиме заедно да се бориме за да зачуваме што повеќе работни места во државата.

Од петок компаниите веќе можат да аплицираат за финансиската поддршка од 14,500 денари по вработен и според информациите на Управата за Јавни Приходи, досега, иако беше празник и викенд, за оваа помош до УЈП аплицирале 5.350 компании. Од нив 4..197 веќе се трансферирани во системот на УЈП.

Апелирам до сите компании кои се уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП. Апликациите за месец април, треба да се достават најдоцна до 7ми мај.

Ние не застануваме тука.

Владата предводена од СДСМ му помага на македонската стопанство и со двата сета антикризани мерки, како бескаматните кредити од линиите „Ковид 1“ и „Ковид 2“ на Развојната банка на Северна Македонија, во вкупен износ од 13,7 милиони евра, коишто ги таргетираат сите микро, малите и средни претпријатија погодени од кризата. Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија на евтини кредити во износ од 51 милион евра.

Ние во последните три години покажавме дека нашите мерки носеле и ќе носат резултати. За тоа зборуваат и проекциите од Светската Банка според кои се проценува дека Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот.

Почитувани граѓани, заедно ќе го изодиме овој тежок пат и верувам дека заедно ќе излеземе од оваа криза уште посилни.“, стакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Вимблдон ФБ

(ВИДЕО) Ново полуфинале за Алкараз на Вимблдон

July 8, 2025

Кос: Владата во Скопје има историска можност и одговорност да направи решавачки чекор кон ЕУ со спроведување на уставните измени

July 8, 2025

Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

July 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Голема брзина причина за несреќата во која загинаа Жота и неговиот брат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што содржи Предлог-извештајот на Вајц за земјава за кој денеска ќе дебатираат членовите на ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град без визија: Зошто Скопје не смее да падне во рацете на лажен ПР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk