Членовите на Кризниот штаб, утрово побарале одговорност од министерот Наќе Чулев поради непостапување за спроведување на мерките за заштита од коронавирусот, пренесува „А1он“.
Од техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, според извори на А1 он, било побарано да не го загрозува здравјето на граѓаните, да постапува согласно уредбите на Владата донесени за заштита од коронавирусот, а не селективно, како што членови на Кризниот штаб сметаат дека се работело досега. Чулев немал објаснување ниту зошто вчера полицијата не го спречила групирањето на навивачките групи Комити и Војводи пред црквата Свети Спас, ниту пак, презела дејство за да не се прекршуваат донесените уредби, пренесуваат од „А1он“.