Пандемијата со КОВИД-19 откажала и одложила многу проекти од европската образовна програма Еразмус+, а најпроблематични се оние што се заглавени односно во тек на реализација. Од настанатата состојба ќе има и застој и одложување на повиците за проекти.
За проектите кои почнале и пандемијата ги затекнала нивните учесници на мобилност во странство, ќе се применува правилото на „виша сила“ што, како што појасни Лидија Димова, значи дека им се признаваат сите направени трошоци, иако активностите не биле целосно спроведени.
-Апликантите ќе имаат право да ги задржат грантовите одобрени од Европската комисија, но нема да значи дека „виша сила“ ќе се прогласува секаде и повторно се ќе мора да биде соодветно документирано. Ковидот ќе помине и дури тогаш Еразмусот ќе има улога, а таа ќе биде голема, рече Димова, директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.