ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Китанов: Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка спрема планираното

Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се одвива според планираното, до крајот на месецов се очекува да заврши и обновата на стариот пат на овој потег, а се работи и на реконструкцијата на патот Крива Паланка Деве Баир, каде ќе има проширување со уште една лента, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

May 6, 2020 15:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Изградбата на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се одвива според планираното, до крајот на месецов се очекува да заврши и обновата на стариот пат на овој потег, а се работи и на реконструкцијата на патот Крива Паланка Деве Баир, каде ќе има проширување со уште една лента, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.

Тој при денешниот увид на градежните активности во патната инфрструктура во кривопаланечкиот крај истакна дека сите работи се одвиваат како што треба како никогаш досега и оти град и регионот ќе добијат квалитетни, реконструирани и рехабилитирани патишта и изградени нови патни правци

-Извршив увид на повеќе локации, каде се работи како никогаш досега. Најпрвин на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка каде се работи на мостовите, вијадуктите, се пробиваат трасите, согласно динамиката на градба се се одвива како што треба. На делот кој се рехабилитира, стариот пат од Ранковце до Крива Паланка, 21 километар од вкупно 22,7 километри се рехабилитирани. Уште 1,7 километар останува од целата траса и до крајот на месецов се очекува се да биде завршено со сигнализација. Утре почнува рехабилитација на патниот правец во село Луке, кривопаланечко, вчера заврши кај селото Огут, рехабилитација, изјави Китанов. 

Тој  ги претстави и активностите за реконструкција на патот од Крива Паланка до граничниот премин Девер Баир, што стартуваа пред три месеци, потенцирајќи дека  бил изненаден од написите на оние, како што рече, кои во изминатите  15-тина години еден километар асфалт немаат ставено во овој регион на овој патен правец, а кои тврдат дека овде ништо не се работи.

Китанов рече дека изведувачот на работите АД„ Гранит“ има рокови и динамика на градба,  а крајниот рок за изведување на рехабилитацијата е 24 месеци.

-По дента кога почнааа активностите на овој патен правец, паѓаше снег, имаше неповолни временски услови и ниски температури, а ова се сериозни градби и мора да се има предвид дека во минатото и не било водено грижа околу давањето дозволи, па на истиот потег на патнито правец има и еден специјален довод за хидроцентрала, кој се поклопува со трасата за што мораше дополнително да се прави исправка и да се наоѓа решение. Во изминатите 2 години и 7 месеци направивме многу отколку оние кои критикуваат за 12 години. Сите работи се работат како што треба и како никогаш досега овој регион и овој град ќе добијат квалитетни, реконструирани и рехабилитирани патишта и изградени нови патни правци, дополни Китанов.

Реконструкцијата и проширувањето на патот Крива Паланка – Деве Баир, делница со должина од 13 километри, е проект вреден 12,4 милиони евра, а предвидува изградба на трета коловозна лента долж целата траса, изведба на четири нови моста и реконструкција на постојниот коловоз.  

Европската банка за обнова и развој го финансира проектот со кредитно задолжување од 10 милиони евра, додека ЕУ обезбеди неповратен грант од 2,4 милиони евра преку Инвестициската програма за Западен Балкан

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk