ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Колумна на Вархеји: Пандемијата јасно потврди дека иднината на Западен Балкан е во ЕУ

Oва не е крај на солидарноста, која е досега невидена: со оглед на неговата европска перспектива, ЕУ ги третира земјите на Западниот Балкан како привилегирани партнери со тоа што им овозможува пристап до многу иницијативи и инструменти за земјите-членки. Ги поканивме владите да станат дел од договорот на ЕУ за набавки на медицинска опрема, го иззема регионот од одобрението за извоз, додека пак Зелениот коридор, со кој се олеснува транспортот на стоки беше проширен до границите на регионот и во него. Регионот е поврзан со надлежни тела на ЕУ за здравство и земјите кои се во преговори ќе можат да искусат придобивки од солидарниот фонд на ЕУ.

May 6, 2020 15:36
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во мај, главниот град на Хрватска, Загреб, требаше да биде домаќин на самитот на Европската унија и Западен Балкан, каде што лидерите, покрај другите учесници, требаше да го поддржат економскиот и инвестицискиот план за регионот. Овој план е еден од трите низи од новиот пристап на Европската комисија за регионот за да ги надополни првите две: ревидираната методологија за проширувањето на ЕУ, која Европската комисија ја претстави во февруари со цел да ја возобнови кредибилноста на една од најважните политики на ЕУ, како и одлуката да отвори преговори за членство со Албанија и Северна Македонија. Во март, лидерите на ЕУ ја потврдија одлуката како и ревидираната методологија.

Пандемијата со Ковид-19 не го фрли на страна овој план, кој е внимателно поставен: не ја смени нашата цел, амбиција, ниту пак нашата одлучност. А, многу лесно можеше да биде така: пандемијата силно ја погоди Европската унија и целиот континент и предизвика незамисливи загуби на животи. Комисијата презеде вонредни мерки за да ги поддржи и да им помогне на земјите-членки да се справат со кризата, да спасат животи, да ги заштитат здравствените системи и да го ублажи социјалниот и економскиот удар. Исто така, Комисијата даде јасно до знаење дека пандемијата единствено може да биде поразена со глобална акција и преку соработка со партнерите.

Ова беше особено очигледно на Западниот Балкан како регион кој е во срцето на Европа и кој е целосно опкружен од земји-членки на ЕУ. Западниот Балкан беше и првиот регион каде ваквото размислување се преточи во акција. Откако потешкотиите беа надминати првите неколку дена, Комисијата направи конкретни чекори во втората половина на март за да обезбеди поддршка за сите партнери во регионот – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија. Мерките пружија помош за итни потреби и економско заздравување. Финаниската помош досега е неспоредлива во износ од 3,3 милијарди евра за грантови и заеми.

Но, ова не е крај на солидарноста, која е досега невидена: со оглед на неговата европска перспектива, ЕУ ги третира земјите на Западниот Балкан како привилегирани партнери со тоа што им овозможува пристап до многу иницијативи и инструменти за земјите-членки. Ги поканивме владите да станат дел од договорот на ЕУ за набавки на медицинска опрема, го иззема регионот од одобрението за извоз, додека пак Зелениот коридор, со кој се олеснува транспортот на стоки беше проширен до границите на регионот и во него. Регионот е поврзан со надлежни тела на ЕУ за здравство и земјите кои се во преговори ќе можат да искусат придобивки од солидарниот фонд на ЕУ. Исто така, ЕУ ја цени поддршката од партнерите од Западниот Балкан која ја доби, како на пример медицински работници и опрема.

Загрепскиот самит сепак ќе се одржи како видео-конференција. Влеговме во кризата заедно и треба да излеземе исто така заедно. Ќе го поддржиме регионот во заздравувањето на економијата, која истовремено ќе ги доближи партнерите поблиску до ЕУ. Нашите економии се тесно интегрирани и економскиот и инвестицискиот план, кој се очекува во втората половина на годинава, ќе стане уште поважен. Неговата цел е да поттикне долгорочно заздравување, да ги модернизира економиите, да го зајакне растот и да ги поддржи реформите кои се потребни на патот кон членство во ЕУ, за да на тој начин да започне да се затвора јазот во развојот и да се приближуваат придобивките побрзо до луѓето.

Планот ќе се фокусира на поврзаноста, поконкретно на транспорт и енергетика, како и на економија во функција на луѓето и преку дигитална и „зелена“ трансформација. Во следниве недели и месеци, регионот ќе може да биде дополнителна инспирација на планот преку предложување конкретни планови и идеи и преку тесна соработка. Регионална соработка и добрососедски врски ќе бидат од клучна важност за економското заздравување. Исто така важно ќе биде и продолжувањето со реформите, што значи не само усвојување на законодаството, туку имплементација на дело на преземените мерки. Мора да се продолжи со фокусот на владеење на правото, функционални демократски институции и јавна администрација.

Заедно ќе ја надминеме оваа криза и ќе излеземе посилни: пандемијата со Ковид-19 јасно потврди дека иднината на Западен Балкан е во Европската унија. Направивме важни чекори годинава и покрај пандемијата и треба да продолжиме со уште чекори за вистински обединет европски континент.

Колумна на Комесарот за проширување Оливер Вархеји

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk