ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Бугарија не планира да го блокира процесот, даде поддршка за почеток на преговори

Дел од забелешката на Бугарија на Самитот во март беше едностран акт што беше вметнат во записникот како мислење на една земја членка, но не и во Заклучоците кои го претставуваат мислењето на сите земји членки.

May 6, 2020 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарија беше една од тие што гласаше за започнување на преговори со ЕУ. Доколку сакаше да го попречи овој процес можеше да го блокира во март бидејќи без согласност на Бугарија ние немаше да добиеме одлука за започнување на преговори.

Фактот што дава поддршка, но во записникот остава една забелешка, само кажува дека има едно прашање кое треба да се реши, меѓутоа Бугарија не планира да го блокира процесот бидејќи можеше да го блокира во одлуката. Со едно „не“ на самитот во март Бугарија можеше да ја спречи одлуката за започнување на преговори. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на новинарско прашање дали можеби ќе се соочиме со уште едно вето, овојпат од Софија.

– Дел од забелешката на Бугарија на Самитот во март беше едностран акт што беше вметнат во записникот како мислење на една земја членка, но не и во Заклучоците кои го претставуваат мислењето на сите земји членки. Туку, едноставно, во записникот беше забележано дека една земја членка има реагирано по однос на ова прашање и ги има ставено овие забелешки. Што значи дека во Заклучоците од самите во март нема став на целата ЕУ по однос на ова прашање. Меѓутоа, се разбира дека ние сме го потпишале Договорот за добрососедство во Бугарија и ние имаме обврска да го исполниме тој договор вклучувајќи и позитивни резултати од комисиите што расправаат за историските теми, рече Османи.

Според него, генерално еден од предусловите за членство во ЕУ се добрососедските односи и затворање на отворените прашања со соседите и смета оти нема ништо ново во тој контекст.

– Сметам дека во наредниот период треба сериозно да се седне со бугарската страна, да се разговара за сите прашања и да се обидеме да го надминеме ова решение во рамки на ставовите коишто ги имаме. Имаме потпишано Договор за добрососедски односи со Бугарија, имаме потпишано Преспански договор со Грција и таму има работи коишто треба да се имплементираат. Се разбира, постојат механизми и тела коишто се формирани врз основа на тие договори и таму ќе се разговара и ќе се обидеме да најдеме решение, истакна вицепремиерот Османи./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Пожари беснеат низ целата држава, власта тешко се справува со ситуацијата, Грција испраќа два канадера

July 9, 2025
Фото: МИА

Пронајдено починато лице во близина на пожар во кривопаланечко Лозаново

July 9, 2025

За национализмот и патриотизмот

July 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ирена Јовева. Фото: Фејсбук

    Скандал во Брисел: Грчка десничарска европратеничка ги негира Македонците, Словенечката пратеничка Јовева во одбрана на македонскиот народ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вајц: Во извештајот многу се зборува за уставните измени, треба да разгледаме забрзување на пристапниот процес

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Силјановска Давкова за извештајот на ЕП: Не сум шокирана, во ЕП седат и претставници на партии што се против самата ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЕП со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на Вајц за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk