ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Значително се зголемува користењето на електронското банкарство

Податоците за март покажуваат дека нема пад на депозитите. Ме радува што веќе во текот на април состојбите се стабилизираа – депозитната база е стабилна и таквата состојба продолжува и на почетокот на овој месец, вели Ангеловска-Бежоска

May 7, 2020 10:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Првичните податоци покажуваат дека апелот на Народната банка за безготовинско плаќање и за користење на платежните картички и на услугите за електронско и мобилно банкарство е добро прифатен од граѓаните.

Значително се зголемува користењето на електронското банкарство од страна на физичките лица, што во овој период е и во функција на заштита на здравјето. Бројот на плаќања иницирани преку електронското банкарство во март е зголемен за околу 30 отсто на годишна основа, што е многу повеќе во споредба со трендовите во претходниот период.

Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во вчерашното издание на емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма. Притоа посочи дека според првичните податоци од платежната статистика, чијашто обработка е во тек, зголемено е користењето и на компјутерите и на мобилните телефони за извршување на плаќања. Во март, годишниот раст на плаќања извршени преку компјутер изнесува околу 26,4 отсто, додека претходно, минатата година во споредба со 2018 година, растот изнесуваше 5,4 отсто.

Истовремено, како што кажа гувернерката, бројот на плаќања преку мобилен телефон е зголемен за околу 45,5 отсто на годишна основа. Од друга страна, забележан е пад од околу 7 отсто на годишна основа кај плаќањата иницирани на хартија. За ваквите трендови придонесоа и активностите коишто ги презедоа банките по започнувањето на корона-кризата, заради заштита на јавното здравје.

„Според првичните податоци, особено е изразен порастот на користењето на платежните картички за купување преку интернет, при што во март, бројот на трансакции е зголемен двојно во однос на истиот месец минатата година, а позитивни се трендовите и кај користењето на картичките на физичките места на продажба.“ – посочи Ангеловска-Бежоска.

Во емисијата, акцент беше ставен и на најновите макроекономски проекции на Народната банка, при што меѓу другото беше истакнато дека се очекува падот на економската активност заради корона-кризата да биде најголем во вториот квартал од оваа година, а потоа да следи постепено опоравување и следната година да има раст на македонската економија од 4,7 отсто. Како што посочи гувернерката, ваквите очекувања се темелат на претпоставката дека шокот од ковид-19 ќе биде краткорочен.

Одделно се дискутираше и за депозитната база и за состојбите на девизниот пазар, при што гувернерката нагласи дека овојпат притисоците беа значително помали во споредба со претходни кризни епизоди.

„Податоците за март покажуваат дека нема пад на депозитите. Ме радува што веќе во текот на април состојбите се стабилизираа – депозитната база е стабилна и таквата состојба продолжува и на почетокот на овој месец.“ – истакна Ангеловска-Бежоска. Од средината на април, како што посочи таа, значајно е стабилизирана и состојбата и на девизниот пазар.

Во емисијата се коментираше и за мерките што по избувнување на корона-кризата ги презеде Народната банка. Гувернерката посочи дека постојано се следат состојбите и ако е потребно, Народната банка е подготвена да преземе и дополнителни мерки во согласност со своите надлежности, ако тоа е потребно./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk