Во рамките на зафатите за зголемување на капацитети на Инфективната клиника во Скопје, најпрво беше поставена привремена болница, норвешка донација за Армијата, а во пресрет на најавениот пик на пандемијата од Ковид-19, беше подигната и нова монтажна болница.
Министерот Филипче, денес беше во посета на просториите кои додека трае пандемијата ќе бидат Ковид центар, а потоа ќе служат како ургентен центар на Инфективна.
Филипче на Фејсбук сподели фотографии од неговата посета и се заблагодари на швајцарската амбасада за постојаниот придонес кон македонското здравство, посебно во екот на пандемијата.
Монтажната болница до Инфективната клиника ќе се користи како КОВИД центар, а во иднина како ургентен центар на Инфективната клиника.
Тука ќе се прави тријажа на пациентите, кои потоа ќе се распределуваат, согласно нивната здравствена состојба. Огромна благодарност за досегашната успешна соработка со Амбасадата на Швајцарија во земјава и на амбасадорката Сибил Зутер за континуираниот придонес за унапредување на здравствениот систем во нашата држава, особено во време на пандемија, кога сите земји се соочуваат со низа предизвици, напиша министерот Филипче на Фејсбук.
A. Н. Стојчевски