Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Северна Македонија и генерален секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Љупчо Николовски со сопругата Андријана, одлучија дел од средствата кои биле свадбен подарок да ги наменат како донација за Детската клиника во Скопје.
На профилот на Фејсбук, од Клиниката упатија благодарност до семејството Николовски за гестот.
Донацијата, имено се состои од современ апарат за мерење на концентрација на кислород во крвта кој е неопходен за дијагностика кај децата особено со белодробни заболувања.
Каде постои љубов, постои и хуманост. Семејството Николовски, кои неодамна правеа свадба дел од сумата која ја добиле за подарок ја донираа за децата во болница. Тие на Клиниката за детски болести донираа современ апарат за мерење на концентрација на кислород во крвта кој е неопходен за дијагностика кај децата особено со белодробни заболувања, се вели во статусот на Клиниката за детски болести од Скопје.
A. H. C.