Зоран Заев даде свој коментар околу прозивката од страна на Бојан Јовановски. Боки 13 рече дека Заев му рекол дека тој и Јанева бил следен од странски служби и дека обвинител почнал обвинение.
„Нема да коментирам вакви изјави, затоа што се неточни. Со секој човек со кој сум се видел сум апелирал на законито работење. Не негирам дека сум имал средба кога сум бил гостин во телевизијата, и сме коментирале одредени ситуации. Ако знам нешто дека е противзаконито, сигурно ќе му го кажам секому“, рече Заев.