ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Една површна белешка за тајните инсталации

Тие се претопуваа во отпорот, станаа дел од него и го подготвија теренот за опстанок во „вонредни околности“ по падот на режимот. Полека, на некои им стана јасно дека ова е долга и неизвесна борба со непријател кој е исклучително вешт и често невидлив како вирус. Тоа се брзи, флексибилни и софистицирани машинерии и мрежи, чии пипци не завршуваат кај Табановце или Деве Баир...

May 8, 2020 14:52
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Немам ниедна причина да се сомневам во пораките и писмата што ми го пишуваат сериозни луѓе од различни краишта во земјава на различни теми. Некои од нив и лично ги познавам, а сите заедно се луѓе со интегритет, искрени и доблесни. Уште во првите месеци по формирањето на владата на Зоран Заев, добивав пораки дека полициското подземје на Фамилијата е во добра форма и прилично активно и моќно.

Началници, раководители на сектори, вработени во безбедносните агенции и управи, во тајната полиција, во разни кабинети, како оној на неславниот бивши претседател, останаа во службите, на стратешки места. Некои велат дека ни една реформирана, па ни нова институција како СЈО, не ја одминале вештите „монтери“ во системот. Дебели подземни инсталации останаа и во другите делови на администрацијата – советнички, експертски или раководни места на сите нивоа, од управни одбори во основни училишта, невладини организации, медиуми, универзитети, па сѐ до високите владини кругови. За правосудството и да не говориме.

Многумина мислеа дека романтичната ненасилна борба на улиците ќе заврши со грандиозна и уште поромантична катарзична пресметка со сите нечесни и насилни криминалци во институциите на државата и општеството. Разочарани романтични активистички души има до денес. Со горчина коментираат за овие состојби, често наивно и ненамерно одработувајќи во полза токму на тие инсталации. Но, битката со организираното политичко, полициско и криминално подземје, излезе дека е тешка, претешка. Малку кој во тоа време знаеше дека тие се и меѓу нас, демонстрантите на улиците.

Ние пишувавме извештаи и колумни, цртавме и печатевме транспаренти, снимавме и го прилагодувавме нашиот на биоритамот на Револуцијата. „Стана потреба, секој ден во шест да бидеме на улиците“, вели во едно интервју прекрасниот актер Перо Арсовски. Реки од луѓе и надеж течеа по улиците.

За тоа време… Тие се претопуваа во отпорот, станаа дел од него и го подготвија теренот за опстанок во „вонредни околности“ по падот на режимот. Полека, на некои им стана јасно дека ова е долга и неизвесна борба со непријател кој е исклучително вешт и често невидлив како вирус. Тоа се брзи, флексибилни и софистицирани машинерии и мрежи, чии пипци не завршуваат кај Табановце или Деве Баир, туку се широко распространети, имаат бази и добиваат дебела финансиска и секаква друга поддршка од различни краишта во светот. Сега, со извесност, знаеме и кои.

Не знам, веројатно треба некогаш да поверуваме во искреноста на оние што велат дека е невозможно со еден краток и брз зафат, а ла Чак Норис, да ги кутнеме разбојниците на колена и да ги сместиме зад решетки. Политичкиот лавиринт е многу покомплициран отколку што сакаме да поверуваме. Особено затоа што Македонија долго време е своевидна Казабланка на Балканот.

За жал, ова не е романтичен филм за револуцијата и победата на правдата и демократијата над грдиот режим на Груевски. Попрво, тоа е мега серијал со безброј заплети и пресврти од кои застанува здивот. Трансформациите, сепак, не се ни оддалеку лесни и видливи, како цртан филм со Попај.

Треба почесто да го гледаме мозаикот како слика, а не секое камче поединечно. Тогаш ќе видиме дека, и покрај присуството и моќта на подземјето, македонската реалност е зачудувачки позитивна – полноправно членство во НАТО, датум за преговори со ЕУ, пример за успешна трансформација од заробена во демократска држава…

Од тој поглед можеби нема да се утешиме, гледајќи ги сите мрачни ликови како парадираат низ нашето секојдневие, но некаква сигурност и оптимизам во победата на доброто над злото (правдата над криминалот), Малефисент против кралицата Ингрит… И самата Малефисент помина низ многу трансформации додека стана добра волшебничка и ѝ се вратија крилјата.

Со евроатлантските интеграции, ние добиваме крилја. Но, за да полетаме, треба да се ослободиме од прангите на (не)видливиот непријател на правдата. Исклучително тешко, но возможно. Потребно е само да ја препознаеме волјата. А таа, верувале или не, постои.

Можеби делови од оваа површна (и не толку површна) белешка за тајните инсталации на политичкото, полициското и криминалното подземје, еден ден ќе станат предговор на некоја книга за „непознатата историја“. Со оваа наша „непозната историја“ на сегашноста ретко кој сака да се согласи, но длабоко во себе ја чувствува нејзината вистинитост.

Затоа, на крајот, чувствувам потреба да напишам:

Мрдни со рамената, крилјата се на твоите плеќи.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk