По објавата на полицискиот час за престојниот викенд, Јавното сообраќајно претпријатие со информација за начинот на обраќање на автобуските линии во главниот град.
Во сабота (9.05.2020 год) јавниот превоз ќе функционира од 5 до 19 часот, во две смени.
Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 09 наутро и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред.
Истиот начин важи и за недела (10.05.2020), со неделен возен ред.
Подетални информации за отворени билетари за време на викендот и на возниот ред, може да се најдат на страната на претпријатието.
А. Н. С.