ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Брнз: Треба да се гордеете како одговоривте на кризата

Како и на многу од вас, ми недостигаат личните контакти. Споменав дека успеваме да ја завршиме нашата основна работа, но за нас дипломатите директната комуникација е критичка и витален дел во градењето на нашите односи.

May 9, 2020 07:52
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорката на САД во Македонија, Кејт Брнз, го оцени како робусен ангажманот на амбасадата на САД во нашата држава, иако нивното физичко присуство поради корона вирусот не е толку видливо во земјата. Во интервју за „Независен“ таа вели дека помошта што ја доби Македонија е само дополнителен директен дел од она што САД, како најголем светски контрибутор, го даваат редовно за здравствени цели во светот, нагласувајќи дека дури 80 отсто од светските донации всушност доаѓаат како приватни од американските граѓани, кои се многу дарежливи. Владата, смета амбасадорката, многу добро се справила со првата фаза на кризата околу епидемијата, но втората треба да ја дочекаме со целосно овластен парламент и влада според волјата и изборот на граѓаните.

Како вие, американските дипломати, функционирате со вонредната состојба и со полицискиот час и ги делите ли поплаките дека се претера со мерките? Дали и вие сметате на нашиот здравствен систем или имате специјални здравствени аранжмани тука, ако не е тајна? Лично што ви фали најмногу во ситуацијава?

-Откако почна глобалната криза, во владата на САД и во сите амбасади во светот воспоставивме наши мерки за ублажување на ризикот и за контрола на ширењето на корона вирусот, што се во согласност и се дополнение на она што го прави вашата влада тука. Така, го максимизиравме работењето од дома, воведовме зголемена хигиена и практика на миење раце, социјално дистанцирање, користење на маски кога е неопходно, односно сите мерки според насоките на нашата влада, кои се во целосна корелација со тоа што препорачува вашата влада исто така. Дури и со вакви рестрикции, останавме активни глобално и тука. Бевме преокупирани со заштитата и репатријацијата на американските граѓани, овде и во светот, и ги предводевме меѓународните напори во борбата против Ковид-19, така што обезбедивме околу 900 милиони долари помош за други земји. Исто така, ја понудивме нашата технологија и нашата медицинска експертиза. Овде во Македонија обезбедивме над еден милион долари директна помош во раната фаза на кризата. Соработувавме со Владата, а исто така и со бизниите, со компаниите и со граѓанското општество околу нивните напори да одговорат на епидемијата. Ние, исто така, виртуелно го одбележавме приемот на Северна Македонија во НАТО, продолживме со нашите онлајн обуки за градење на капацитетите на судството и одржуваме видео-конференции и тркалезни маси со владини преставници, со бизнисите, со невладините, со граѓанското општество, а сега и со медиумите. Така што, иако нашето физичко присуство не е толку видливо, нашиот ангажман е многу робусен. Иако е различно и е еден вид предизвик, учиме многу и ја завршуваме главната работа.

Што се однесува до нашата здравствена заштита, ние немаме специјални аранжмани и се потпираме на здравствениот сектор тука. Но, имаме среќа што во амбасадата имаме мала здравствена единица која работи со болниците и официјалните лица од здравството овде за да ни помогне да ги разбереме инструкциите од владата и да се осигураме дека се усогласени исто така, бидејќи во амбасадата не работат само Американци туку и Македонци, всушност повеќе Македонци отколку Американци.

Инаку, како и на многу од вас, ми недостигаат личните контакти. Споменав дека успеваме да ја завршиме нашата основна работа, но за нас дипломатите директната комуникација е критичка и витален дел во градењето на нашите односи. Така што, префрлањето на овие видео-конференции е малку фрустрирачко, но оваа непријатност е навистина мала споредено со тешкотиите што треба да ги издржат луѓето на друго место. Така што, како и повеќето од луѓето, сакам да можам да излезам надвор, да ги посетам местата што не можев да ги посетам досега и да ги сретнам луѓето што сакав да ги сретнам, но ќе стигнеме до тоа, кога ќе дојде вистинското време.

Целото интервју тука.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

09: Полициски час од 19 до 5 часот, Комисијата за заразни болести треба да одлучува за олабавување на мерките, Ден на Европа

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk