Музика, уметност, дебати со млади и новинари за фундаменалните вредности на ЕУ, Еразмус и животната средина – ова е дел од денешната програма на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, во која учествуваат и земјите-членки.
„Пандемијата на ковид-19 не ни дозволува физички да се собереме за Денот на Европа како во претходните години, но сигурно ни дава причина да го прославиме 9 Мај погласно од кога било порано“, стои во поканата на Делегацијата на ЕУ во земјава по повод одбележувањето на Денот на Европа.
„Нека Денот на Европа и овие околности ни бидат потсетник дека заедно сме посилни. Дека секоја криза е можност. И дека солидарноста е единствениот пат кон подобра иднина, без разлика на предизвиците кои ги носи“, напиша евроамбасадорот Самуел Жбогар.