Европската Унија е изградена врз принципот на солидарност и силната верба дека заедно и обединети можеме повеќе. Под ова мото се соочуваме со сите предизвици. Под ова мото се бориме и со корона кризата која го демне нашиот континтент и целиот свет. Токму ЕУ е наш најголем поддржувач во оваа битка, за што сме неизмерно благодарни, напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил.
Оваа година се одбележува 70-годишнината од потпишување на декларацијата „Шуман“, со која се поставија темелите на Европската Унија. Нека е честит Денот на Европа!