ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Македонија како Швајцарија

May 9, 2020 15:56
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРИАН МЕХМЕТИ

Кога бев мал, ми велеа да не се грижам и дека за некои десетина години, Македонија ќе изгледа како Швајцарија. Со рани од конфликтот, тоа ми дојде како модел за споредба со нешто убаво, кое сакав да го видам и кај нас. Секако сите очекувања ми беа свртени кон постарите од кои очекував да направат нешто во врска со тоа, но не размислувајќи дека можеби некои ја немале Швајцарија како модел за споредба, без исклучок и на други добри модели за функционирање на една држава.

Стравот од 2001-та кој никако не си одеше ниту со одминување на месеците потоа, со тоа што не знаев дека тој страв ќе се замени со огромен оптимизам за светла иднина за нашата државичка, која ја замислував како место каде што и Албанци и Македонци и сите други нема да има потреба да раскажуваме дека имаме пријател од едната или другата припадност. Бидејќи на сите ќе ни беше мерак да го чуваме тоа, доколку се постигне. Што им фали на кантоните во Швајцарија каде федералната власт нема моќ доколку народот во своите кантони одлучат како да живеат, секако состојбата на народот како би сакал да живее е есенцијална во таков случај.

2002 имав 14 години, кога се навестуваше дека на власт доаѓа сила која во својата агенда гледаше да направи се за да ни овозможи на сите нас да ја почувствуваме таа големина на отвореност кон милиони други нови луѓе за нас, големи можности за работа, за студирање и тн.

Надежта која ја добив на тие години ме држеше оптимист сите следни години се додека во 2014 не дознавме сите за тоа како лакоми политичари кои работеле на случајот само они да го живеат тој сон, но ни го уништувале нашиот, за повторно добрите сили во народот да треба да станат масовно на нозе за да го продолжиме патот на отвореноста и желбите.

Но, сеуште очекувам да направиме место каде што сите може да бидат вработени, да имаат свој дом, свој простор. Затоа да не ја изгубиме визијата која ја сакавме сите и која со нетрпение ја очекуваме во скоро време да се оствари. Приликата која ја имаме сега, е тој муабет дека Македонија навистина има огромни шанси да стане Швајцарија. Да не дозволиме да ни биде криво и да се случи дежаву како во 2006, туку да бидеме будни и да не дозволиме таа прилика да живееме опуштено да ја враќаме на повтарање.

Честит денот на Европа и секој ден на Европската Унија!

Next Post

Досегашните мерки остануваат во сила, в понеделник нова препорака на Комисијата за заразни болести

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk