ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Одлука за избори по препораките на стручната комисија, можни решенија ќе се бараат на лидерската средба

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека во однос на изборите ќе останат внимателни за тоа што ќе препорачат следната недела. Препораката ќе се темели врз основа на бројките на пациентите и анализа на случаите.

May 9, 2020 08:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комисијата за заразни болести ќе донесе своја препорака базирана на стручен пристап за тоа кога ќе се одржат парламентарните избори. Лидерите на политичките партии излегоа со свој став за изборите, а најдобро можно решение за иднината на земјата ќе се обидат да го донесат на лидерската средба закажана на 12 мај.

Министерот за здравство, Венко Филипче истакна дека во однос на изборите ќе останат внимателни за тоа што ќе препорачат следната недела. Препораката ќе се темели врз основа на бројките на пациентите и анализа на случаите.

-Во однос на изборите и во овој момент сме внимателни во однос на тоа што ќе препорачаме следната недела. Ги следиме бројките и движењето и на национално ниво и во одредени градови и региони и само така ќе ги носиме мерките. Секогаш се издржани врз основа на стручно мислење. Така одлуките ќе ги носиме и понатаму, рече Филипче.

Изборите ќе се тема на разговар и на лидерската средба закажана на 12 мај кај претседателот Стево Пендаровски. Целта на средбата е да се донесе најдобро можно решение за иднината на земјата.

 

Премиерот Оливер Спасовски очекува на средбата да се разговара за мерките и одлуките што се преземени за да се спречи здравствената и економската криза во земјава, но и да се надминат личните и партиски интереси.

-Сметам дека ќе има доволно одговорност меѓу лидерите на политичките партии кои ќе учествуваат на таа средба. Ќе разговараме и јас посакувам да донесеме најдобро можно решение за иднината на оваа држава и за иднината на граѓаните. Сметам дека таква одлука треба да се донесе заради тоа што пред се потребни се функционални институции кои ќе можат да се справат со секаков вид на идни предизвици што стојат пред нас и тоа треба да биде водилка за сите нас, изјави Спасовски во текот на вчерашниот ден.

Лидерите на најголемите политички партии претходно излегоа со свој став во однос на тоа кога би требало да се одржат изборите.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев смета дека нема да има поприкладен период за избори како во јуни годинава. Сепак, услов е кризата со коронавирусот да биде целосно одмината.

 

Изборите треба да се одржат поскоро и поради фактот што немаме Парламент, и имаме техничка а не политичка влада, смета Заев. Тој посочи оти се потребни соодветни рокови за подготовка на избори, и дека во уредбата е наведен 21 ден од завршување на вонредна состојба, но потенцира, токму затоа се прави лидерска средба.

Не помалку важна е и економијата, која според Заев и онака е во криза, а во време на избори, се наоѓа во еден вид рестрикција.
ВМРО-ДПМНЕ пак, останува на ставот дека во моментот изборите не се во првите три приоритети на партијата. Најважно е здравјето на граѓаните.
Сепак, лидерот на партијата, Христијан Мицкоски истакна дека ќе ги почекаат ставовите од лидерската средба во вторник кај претседателот Стево Пендаровски, и ќе излезат со свој коментар.

 

-Да видиме какви ќе бидат проценките на Советот за безбедност, каков ќе биде ставот на претседателот Пендаровски па потоа може да излеземе со коментар на самата лидерска средба која ќе се случи веќе во вторник, рече Мицкоски.

Покана за учество на лидерската средба на 12 мај добил и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој смета дека по завршувањето на вонредната состојба, ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

July 10, 2025

Мерц: Германија е подготвена да купи американски системи „Патриот“ за Украина

July 10, 2025

ОН: Јуни годинава е месец со најмногу цивилни жртви од почетокот на војната во Украина

July 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државата во пламен, Мицкоски и ДПМНЕ си тераат партиски агенди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар опасно се приближува кон домовите на жителите на населбата Лозаново во Крива Паланка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk