ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јовановска: Зголемување на невработените очекувано, се надевам наскоро да се вратиме во нормала и кон намалување на невработеноста

Во моментот, врз основа на доставените пријави за потреба од работник, објавени се речиси  8 000 слободни работни места од страна на  приближно 900 работодавачи, вели Јовановска

May 9, 2020 09:09
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на невработените лица кои согласно законските прописи се евидентираат во Агенцијата за вработување, во изминатите месеци март и април бележи зголемување, што беше и очекувано, со оглед на целокупната состојба во светот предизвикана од пандемијата на вирусот COVID 19, но се надевам дека во најскоро време ќе се стабилизира целокупната состојба и ќе се вратат во нормален тек сите активности, што ќе придонесе до раздвижување на пазарот на трудот и со тоа и намалување на бројот на невработените лица.

Ова во интервју за МИА го истакнува директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска, во кое ги поттикнува и охрабрува, преку условите и поволностите што ги предвидуваат во активните програми и мерки за вработување, и лицата од неформалниот сектор да го формализираат своето работење.

-Бројот на невработените лица кои согласно законските прописи се евидентираат во Агенцијата за вработување, во изминатите месеци март и април бележи зголемување, што беше и очекувано, со оглед на целокупната состојба во светот предизвикана од пандемијата на вирусот COVID 19.  За справување со кризата, Владата донесе пакет економски мерки со цел да се помогне на стопанството и да се сочуваат колку што може повеќе работните места на граѓаните. Во изминатите три години како резултат на позитивните ефекти од реализацијата на политиките за вработување насочени кон отворање нови работни места, вклучително и активните програми и мерки за вработување што ги реализира Агенцијата за вработување, се забележа континуирано намалување на невработеноста, за што говорат и официјалните податоци од Државниот завод за статистика. Се надевам дека во најскоро време ќе се стабилизира целокупната состојба и ќе се вратат во нормален тек сите активности, што ќе придонесе до раздвижување на пазарот на трудот и со тоа и намалување на бројот на невработените лица, истакнува Јовановска.

Оценува дека во моментов мошне се значајни економските мерки што Владата ги презема за зачувување на работните места и изразува уверување дека сите мерки што се преземаат влијаат и ќе влијаат за спречување на значаен пораст на невработеноста во државата.

Во интервјуто наведува дека охрабруваат и податоците за објавените слободни работни места од страна на работодавачите, кои и во извештајниот период и покрај вонредната состојба заради справување со кризата предизвикана од пандемијата со COVID 19, огласуваа потреба од работници за различни занимања при што дневно се регистрирани помеѓу 4000 и 5000 слободни работни места.

-Агенцијата за вработување објавува податок за приливот и одливот на лица во и од евиденцијата на невработени. Во периодот од 11.03 – 30.04.2020 година од евиденцијата на невработени лица престанале да се водат 1886  лица,  поради заснован работен однос. Станува збор за број на лица за кои е регистрирана пријава во задолжително социјално осигурување, а претходно биле евидентирани како невработени лица. Од друга страна, Агенцијата за вработување води и евиденција на регистрирани пријави во задолжително социјално осигурување за лица кои не биле евидентирани во евиденцијата на невработени и тој број е значително поголем. Охрабруваат и податоците за објавените слободни работни места од страна на работодавачите, кои и во извештајниот период и покрај вонредната состојба заради справување со кризата предизвикана од пандемијата со COVID 19, огласуваа потреба од работници за различни занимања и дневно беа регистрирани помеѓу 4000 и 5000 слободни работни места.  Огласените слободни работни места од страна на работодавачите се објавуваат и постојано се ажурираат на веб-страната на Агенцијата за вработување. Во моментот, врз основа на доставените пријави за потреба од работник, објавени се речиси  8 000 слободни работни места од страна на  приближно 900 работодавачи, вели Јовановска во интервјуто за МИА кое во целост ќе биде објавено утре.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Десет години по граѓанскиот собир на 17 мај: Борбата за слобода и демократија продолжува!

May 17, 2025

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на САД

May 17, 2025

Мицкоски: Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство темел на инвестициска соработка од шест милијарди евра

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) „Евровизија“: Познати сите 26 финалисти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Рама ја дочека на колена италијанската премиерка Џорџа Мелони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од сопатник со Албанија, Македонија десетици чекори зад неа на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk