ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пет години по Диво Насеље, некои прашања сѐ уште неодговорени

„Малата војна“ во Диво Насеље која се водеше на Денот на Европа, на 9 мај 2015 година, и по пет години, сѐ уште побудува силно внимание во јавноста, пред сѐ, поради неодговорените прашања кои се наметнуваат по овој жесток предизвик за македонската безбедност и за соживотот во земјата.

May 9, 2020 10:44
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

М. Ивановска/ ЦИВИЛ МЕДИА

„Малата војна“ во Диво Насеље која се водеше на Денот на Европа, на 9 мај 2015 година, и по пет години, сѐ уште побудува силно внимание во јавноста, пред сѐ, поради неодговорените прашања кои се наметнуваат по овој жесток предизвик за македонската безбедност и за соживотот во земјата.

Тој ден додека во земјата се случуваа најмасовните и најжестоките протести против режимот на Груевски во Куманово се слушаа куршуми, експлозии од бомби и ракети. Додека медиумите кои беа под палката на тогашната власт јавуваа дека „акцијата“ е завршена, кумановчани јавуваа за непрекинато пукање, осум полицајци загинаа, 40 припадници на полицијата беа ранети, а официјална изјава од тогашната министерка за внатрешни Гордана Јанкуловска граѓаните добија после 20 часа.

„Тоа беше период во кој навистина се соочивме со сериозен безбедносен предизвик, меѓутоа, и во тоа време веднаш по избивањето во првите часови, кумановки и кумановци покажаа една висока зрелост, која може да служи како пример и за Европа, а не само за Македонија. Ситуација во која тие не подлегнаа на предизвикот да се закрват со своите соседи, на етничка или на верска основа. Тие одолеаја на овој жесток атак врз сплотеноста на македонското општество, жесток атак врз мултикултурализмот на македонското општество. Тензиите и насилствата се најевтината алатка во рацете на оние кои сакаат да дојдат на власт по криминален пат. Она што ние ден денеска не го знаеме е навистина кој и зошто стои зад Диво Насеље како еден многу сериозен и трагичен настан, но и предизвик за безбедноста“, изјави Џабир Дерала за медиумите на настанот кој ЦИВИЛ го организираше во Куманово во 2018 година, кога организацијата реши Денот на Европа да го одбележи токму во овој град, на три годишнината од трагичниот настан.

„На Куманово државата му должи одговор и да каже кој беше сценаристот, а кој режисерот на кумановските настани. Од позиција на градоначалник, јас самиот се обидувам да создадам слика во Куманово граѓаните да го заборават овој акт што побрзо“, изјави градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на панел дискусијата „Диво Насеље – три години потоа“ која ја организираше ЦИВИЛ. Димитриевски истакна дека никој што во тоа време ја имал командната одговорност на полициската поставеност, која претрпе огромни губитоци, не поднел оставка. Паралелно со ова, како што рече Димитриевски, голем број од полициските лица биле финансиски наградени за самата постапка.

Авди Авдиу, кумановец, чија изјава на 10 мај 2015 на многумина им ја врати надежта за соживот и покажа дека што и да се случи на 9 мај во Диво Насеље не е резултат на конфликт меѓу Македонците и Албанците учествуваше на оваа дискусија.

„Вистината се уште е затаена. Одговорните не се исправија пред судската власт. Таа „мала војна“ како што ја нарекувавме тогаш немаше воена конотација, туку конкретна политичка цел. Мора да сфатиме дека треба да одговараат структурите кои допуштија да се случи сето тоа“, изјави Авдиу.

Пет години потоа, иако намерата не беше постигната, граѓанките и граѓаните не добија одговори на прашањата за организаторите на ова црно сценарио. Случајот резултираше со оставка на министерката Јанкуловска, како и тогашниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, но никој од власта не ја презеде одговорноста. Организаторите и сценаристите останаа во сенката на извршителите.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

12: Диво Насеље - да не се повтори, да не се заборави, Мицкоски фатен жив во лага, А војна да имаме? - Дерала потсетува на режимот

НАЈНОВО

Скопје добива вода, но сè уште со слаб притисок по големиот дефект во Влае

October 6, 2025
Повеќенеделни антируски окупациски протести во Тбилиси во летото 2019 година, кои следеа по посетата на рускиот пратеник Сергеј Гаврилов во главниот град на Грузија. Фото: Еана Корбезашвил

ЕУ остро ја критикуваше Грузија за локалните избори

October 6, 2025

Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk