ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски во видео разговор со хумани граѓани им се заблагодари за солидарноста

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео врска поразговара со неколку поединци коишто со својот активизам, хуманост и солидарност помогнаа на многумина граѓани во екот на пандемијата на вирусот КОВИД-19.

May 10, 2020 09:07
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, преку видео врска поразговара со неколку поединци кои со својот активизам, хуманост и солидарност помогнаа на многумина граѓани во екот на пандемијата на вирусот КОВИД-19, соопштуваат од неговиот Кабинет.

-Вие секако се истакнувате според влијанието кое го имате во средината во која живеете. Сакам да ви изразам огромна благодарност за тоа што го правевте до сега, се надевам ќе го правите и понатаму, бидејќи во ова време невреме многу малку од нашите сограѓани се решија да го направат тоа што вие го направивте. Навистина Ви благодарам. Сакам да Ве охрабрам. Имате голема поддршка од мене, истакна Пендаровски во видео разговорот.

Тој го слушна искуството на д-р Александар Каревски, кој заедно со неколкумина свои колеги на 3Д печатари изработуваат визири за заштита на вработените во здравствените установи. Нивната иницијатива за кратко време доби голем број поддржувачи. Досега, како што рече д-р Каревски се дистрибуирани околу осум илјади, а во текот на следната недела ќе бидат поделени уште 22 илјади визири за здравствените работници.

Пендаровски, исто така, се запозна и со хуманоста на семејството Велески, кои периодот на изолација го користат за да изработуваат заштитни маски.

Во разговор со претседателот Пендаровски, Марија Велеска од скопско Визбегово рече дека досега заедно со нејзиниот сопруг и ќерката изработиле над пет илјади заштитни маски и користејќи ги социјалните медиуми маските ги поделиле без да наплаќаат за нив.

-Давајќи им храна на тие што не можат да си ја дозволат, јас се хранам самиот себе си, отворено вели скопјанецот Али Февзи. Тој од сопствени средства купува храна и секој ден им помага на повеќе од 10 семејства. Вели дека го исполнува тоа што го прави, но истовремено Февзи испрати и апел до институциите – на семејствата и на поединците во социјален ризик да им помагаат во континуитет, а не само во период на криза.

За одбележување, како што рече претседателот Пендаровски е и гестот на иноваторите Ивица Поцков и Никола Глигоров. Тие се креатори на УВ-гард за дезинфекција од вируси и бактерии. Поттикнати од нивната хуманост, тие досега донирале пет вакви уреди и тоа, на скопските клиники за инфективни болести и за пулмологија и алергологија, на ГОБ „8 Септември“, како и на болниците во Свети Николе и во Кавадарци.

Како што рекоа во разговорот со претседателот Пендаровски, за донација подготвуваат уште осум уреди за дезинфекција. Во видео разговорот Ивица и Никола го информираа претседателот Пендаровски дека уредот е со УВЦ-зраци и дека дезинфицира површини, воздух и какви било материјали.

Еден од соговорниците во видео разговорот беше и кавадарчанецот Борче Стаменов, којшто веќе четири години поправа стари, нефункционални компјутери и потоа ги донира на деца чии семејства не можат да си ги дозволат. Досега, како што рече Борче израдувал околу 220 дечиња.

Во изминатиов период кога сме соочени со пандемијата на вирусот КОВИД–19 и кога физичката дистанца е еден од начините на заштита меѓу граѓаните, околу 60 извидници во неколку скопски општини помагаа во одржување на редот. Владимир Костовски од Сојузот на извидници во разговорот посочи дека нивниот активизам е во служба на луѓето, а не во служба на маркетите или банките, бидејќи најважно е здравјето на нашите сограѓани.

-Вие правите исклучително важна работа. Вашиот ангажман во изминатите два месеца ќе биде раскажуван и на генерациите кои ќе доаѓаат. Ова нема да ви биде заборавено. Барем кај мене, а се надевам и кај целиот наш народ Вие ќе бидете забележани како вистински јунаци на нашето време, заклучи претседателот Пендаровски во разговорот со некокумина хумани и солидарни поединци и семејства.

Next Post
Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

Твит на денот: Не ми е јасно за кого работат вмро, после овие бомби, Заев ќе ги згази на избори

Shortcut

Најново

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk