„Јавноста е свесна дека имаме одредени сигнали, согласно препроаките на лекарите, интензитетот на вирусот се намалува. Имаме деновиве нови заразени, но тоа се случува затоа што не се почитуваа мерките околу празниците. Но, ние секој ден ја следиме ситуацијата и лекарите ги знаат овие кластери. Согласно овие податоци кои ги следиме секојдневно, наш став е дека некаде кон средината на јуни може да има фер и демократски избори. Вирусот ќе постои и ќе продолжи, но што ќе правиме ако на есен го имаме вирусот и тоа со зголемен интензитет?„- изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ на ТВ 24.
Тој дополни дека Комисијата за заразни болести знаат точно кои кластери се активни и затоа фокусот е кон тие места.
„Здравствените власти цело време повторуваат дека не е добро да има масовно тестирање затоа што најлошо е негативниот тест. Ќе имаме лажна информација на тој начин. Важно е да се следат кластерите и контактите и да се прават тестови онаму каде што е очекувано, а не неконтролирано да го правиме тоа. Во врска со датумот нема ништо да направиме спротивно на лекарските препораки, го предложивме 14 јуни, но ако има причина дека тогаш не е можно д асе организираат избори, нека биде друг датум. Стивнува вирусот и многу држави се спремаат за избори, но ќе мораме да се навикнеме на новите правила.“- дополни Манчевски.
Манчевски истакна дека датумот апсолутно нема да напраивме ништо што е спротивно на препораките на КЗБ и здравствените експерти и додаде дека тоа е и став на СДСМ.
„Ние го кажавме тој став и сметаме дека постои добра шанса ова да се случи во средината на јуни, да го предложивме датумот 14 јуни, меѓутоа апсолутно доколку од одредени прични не биде возможно на овој датум ќе го почитуваме тоа, меѓутоа нашата поента е дека треба да го искористиме оваа шанса која што ни се укажува и не само на нас и во глобални рамки пандемијата веќе полека стивнува, не ја снемува туку стивнува и многу земји исто така се подготвуваат за избори, во нашето соседство Хрватска и Србија, во Франција се подготвуват за вториот круг на локалните коишто ги одложија затоа што ги затекна пандемијата во сред локални избори и во други земји се подготвуваат за изборни процеси и она што за жал најверојатно ќе треба да се навикнеме не само од аспект на политика и во бизнисот, образованието и во секојдневното живеење некое ново нормално… “, потенцира министерот Дамјан Манчевски за ТВ24