ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Петров: Голем интерес од компаниите за финансиската поддршка од 14.500, следува нов пакет мерки

Заклучно со 7-ми мај, од одобрените 631 кредитни апликации за Ковид1 бескаматната линија од 4,7 милиони евра, се исплатени вкупно 2,2 милиони евра за 257 компании кои вработуваат 3.006 лица, односно 41% од одобрените апликанти.

May 11, 2020 11:35
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата предводена од СДСМ беа јасни. Да се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места,  да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата, изјави Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„Заклучно со 7-ми мај, од одобрените 631 кредитни апликации за Ковид1 бескаматната линија од 4,7 милиони евра, се исплатени вкупно 2,2 милиони евра за 257 компании кои вработуваат 3.006 лица, односно 41% од одобрените апликанти.
Од првата група одобрени кредитни апликации, која Владата ја одобри на 8-ми април за 136 компании со 1737 вработени, се исплатени 93% од апликантите. Од втората група одобрени апликации, која Владата ја одобри на седница на 14 април за 118 компании со 1116 вработени, се исплатени 89% од компаниите. Третата група кредитни апликации која Владата ја одобри на 28-ми април за 377 компании со 2735 вработени, се исплатени 7% од компаниите. Исплатата на компаниите се прави редовно, секој работен ден, како што се завршуваат административните процедури започнувајќи од 15ти април кога се исплатија првите средства од оваа кредитна линија.
За бескаматната кредитна линија КОВИД 2 од 8 милиони евра, која беше отворена и за која пријавите се уште се во тек, веќе аплицирале над 2400 компании.
За финансиската поддршка од 14,500 денари по вработен, за која работодавачите можеа да аплицираат до 7ми мај, за месец април поднесени се вкупно 23 861 Барањa,  а се однесуваат за 21 542 компании.
За оваа мерка имаат аплицирано и 6.000 самостојни вршители на дејност или повеќе од 45% од регистрираните.
Овие бројки кажуваат дека секоја трета компанија има аплицирано за финансиска помош до 14.500 денари за исплата на плата по вработен.
Економскиот совет на СДСМ во моментов работи и  на нов пакет мерки за директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.
Ние веруваме и дека секоја криза е и нова можност.
Веќе гледаме како некои индустрии се добри примери кои видоа можности и ги искористија во оваа криза. Текстилните компании направија брза адаптација, па така извозот на маски, скафандери и  друга заштитна опрема е речиси за 300% поголем со април минатата година, април 2020 изнесува 390 милиони денари, а април 2019 изнесува 135 милиони денари.
Истото, го гледаме и во земјоделството каде имаме зголемен извоз на раноградинарски култури.
СДСМ покажа дека нашите мерки носеле и ќе носат резултати. За тоа зборуваат и проекциите од Светската Банка според кои се проценува дека Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот.
Почитувани граѓани, заедно ќе го изодиме овој тежок пат и верувам дека заедно ќе излеземе од оваа криза уште посилни“, рече Петров.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Војаџер 1. Фото:  Caltech/NASA-JPL

(ВИДЕО) НАСА успеа „да ги оживее“ резервните двигатели на „Војаџер 1“ по 21 година

May 17, 2025
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Најскапиот платен метар квадратен за стан во Србија чинел11.668 евра во Белград на вода

May 17, 2025
Фото: ВИ

Трамп најави одвоени телефонски разговори со Путин и Зеленски в понеделник

May 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовец зел 25.000 евра пари со камата, му одзеле два стана во вредност од 150.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евровизија 2025: Сè е подготвено за вечерва во Базел! Кои се фаворити?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССНМ: Оценките на претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk