ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Тепих бомби

May 11, 2020 06:19
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Бомбите на Заев високо ја кренаа летвичката на општествената чувствителност.

Сѐ по тие бомби изгледаше како стриптиз на волнени газови по настапот на Моника Белучи.

Луѓето ја загубија моќта да се фрапираат.

Или да бидат фрапирани.

Па се трудеа да изгледаат фрапирано.

Тоа позерство го диктираше општествениот дискурс во последните три години.

Во отсуство на Моника, луѓето си ги мокреа носевите во пивска пена и во паузите јадеа говна за тоа колку е лоша владата и колку не ги бива и народот и неговата факинг држава.

За тоа што не го бива, сега тврдат дека нема ништо бугарско.

Што повеќе треба да ги лути Бугарите отколку Македонците.

Хахаха!

Нормално.

Никој  не сакаше да гледа како околу барската шипка се вртат Ванковска, Гордана, Сузана или Катица.

Трепкачицата врз националните интереси.

МАНУКАТА.

Јебо те Бог.

И Кара Ками Шева.

Кој може нешто да им забележи?!

Од надоаѓачката нормалност луѓето тргнаа да се спасуваат во критиката на  новата политика во која открија низа слабости, меѓу другите, или пред се, дека нема сила да  испорача правда според критериумот на Шерената револуција.

„Нема правда, нема мир“.

Се сеќавате, не!

Новата власт, навистина, беше политички и парламентарно, односно институционално, поткапацитирана да испорача таква правда, а освен тоа, впечаток е, дека и идејно не беше настроена да го ризикува задоволувањето на очекувањата со кршење на самите основи на правдата: процедурата, законот, уставот, судот, обвинителството, независноста на властите…

Но, и јавноста, која во сеопштата и хистерична критика, побрза да најде компензација за испразнетата возбуда по падот на режимот, повеќе сакаше жртва отколку правда или повеќе возбуда, по цена на правдата, или возбудлива правда. И, на крајот, самата јавност не ја испорача својата закана од шарениот слоган, односно не испорача немир така како што во слоганот беше интониран.

Само неподносливо количество банални просерувања.

Ја одбра улогата на кучињата, оставајќи го карванот на власта да си врви.

Кога се ќе се сумира, мислам дека и новата власт и јавноста направија добар избор. Можеби затоа што работите и не можеа да се одвиваат поинаку.

И покрај се.

Односно и покрај сѐ.

Процесите и остварувањата морате да ги ситуирате во конкретен амбиент пред да судите за нив.

Јас тврдам дека остварувањата на Северна Македонија, во таа смисла, беа, односно се, епохални.

Да, да, добро се слушаме: е по хал ни!

Врвниот допинг, во меѓувреме, беше аферата „Рекет“, кикифрики сапуница според најниските страсти на најпростиот народ, демек, скапа чанта, многу пари, слики од новите пари, спецификации, камери,филмски и пишани стории во продолженија,тајкуни, итн. Со не така банална, но во основа идиотска, инфантилна, луда идеја, дека приказната за парите и за грамзивоста на власта, ќе доведат до дискредитација на СЈО ( што, се случи), рехабилитација на Груевски и атмосфера која ќе доведе до пад на Заев и враќање на лудакот од Будимпешта

Кикифрики го беа однеле на таванот да гледа како старите мачори ебат.

Бушава азбука за возрасни.

На таков фон доаѓаат новите снимки во кои Мицко зборува со Кичеец и со некоја жена за која ќе се јават шпекулации дека му била малку повеќе блиска. Тоа нема да биде неважно во оценката на целиот скандал, но пред тоа мораме да кажеме нешто друго.

Не сум сигурен дека во ваква ментална кондиција јавноста може да ги процесуира вистинските пораки на новите бомби за Мицко, но јас не би ги свел само на нивото на оперативна обработка на пациентот, на некаква форма на анестезија или хероинска цигара, пред да прифати тоа што мора да прифати: избори и пораз на изборите, час поскоро, како осуденик на кој  му се одбиени сите жалби на смртната пресуда која има да се изврши во раните вечерни часови на 28 јуни, да речеме, моја прогноза.

Со мала помош на наште пријатели, еве како можат да се дефинираат тие значења:

Прво, човекот ни се открива како груба, вулгарна, беспризорна, лажовчина, како човек без трунка морални скрупули, без трунка страв од судбината и од Бога, без стил, безобразен во лагата. Мицко зборува со човек за кој до вчера тврдеше дека не го знае, дека никогаш не го сретнал, дека ако му се докаже тоа што сега го докажувааат снимките, самиот ќе се пријави во „Шутка“ итн.

Немам информации дека веќе е на тоа место.

Што ја засилува оценката за неговата несоодветност.

Првиот извод е дека таков лажов треба да се чува подалеку од општите ресурси, односно од власта, а уште попосебно, од првата позиција во власта.

Што тука не е јасно?

Второ, зборува со човек кој малку подоцна или во тоа време, не е битно,  ќе биде правосилно осуден, човек од сивата зона, човек кој исполнувал негови  налози, извршител на сомнителни или дури инкриминирачки работи во врска со изборите, човек од снимките на кикифрики, човек кој оправдано го става во деликатен контекстот не само околу изборите во Охрид, туку и во самата афера “Рекет”. Тој момент, заедно со неговиот политички праисход од злосторничкото милје на Груевски, го праќа другарот Мицика директно во зоната на политичкиот аут.

Трето, ако се точни шпекулациите за сервисите на жената од снимките, тогаш на дневен ред ќе дојдат и неговите лојалности кон основните демохристијански  и општочовечки вредности, какви што се семејството и довербата врз која почива секоја фамилија. И едно општество, кое, се разбира, не смее да си дозволи да му се препушти на човек кој не е лојален ниту кон својата поблиска средина.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk