Земјотреси со јачина од 5,5 степени се регистрирани во Чиле и во Јапонија, стои на страната за следење земјотреси usgs.gov.
Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри од градот Сан Педро де Атакама, каде живеат околу 4.000 жители, на длабочина од 138 километри. Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Земјотрес со јачина од 5,5 степени утрово го погоди и североисточниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка служба. Епицентарот на земјотресот бил во округот Ибараки, на длабочина од 50 километри под нивото на морето.
Земјотресот е почувствуван и во околните области, како и во Токио, а досега не е издадено предупредување за цунами./МИА/