Министерот за здравство на денешната прес конференција рече дека предлог новите мерки од Комисијата за заразни болести денеска ќе бидат доставени до Владата.
„По спроведената анализа констатиравме дека може да се воведат нови помеки мерки. Нашиот предлог е оваа недела да се вратат во функција Центрите за едукација, автошколите, спортските центри, семинари, тенисот, спортски обложувалници, молови каде нема да има угостителска дејност. По увид во новата епидемиолошка анализа би можело да се разгледува отворањето на угостителските објекти, а неделата потоа и игрите на среќа и спортовите во затворен простор’, изјави Филипче.