Неофицијално, Фронтлајн дознава дека на лидерската средба денес кај претседателот Пендаровски, каде главната тема се условите за одржување на избори, лидерите на политичките партии се сложиле да почекаат мислење од Комисијата за заразни болести.
Од информацијата која ни пристигна, на средбата било нагласено дека здравјето на граѓаните е најважно, и најдобро би било да се почекаат одлуките на Комисијата за заразни болести како одговорен орган за следење на корона вирусот.
На средбата, според изворите, нема конечна одлука за датум на изборите.
Исто така, во петок е најавена седница на Советот за безбедност по што би се знаело дали има услови за спроведување на избори во јуни. Освен од Советот, се чека и оцена до ОБСЕ-ОДИХР за следење на изборите и кога би можеле да се спроведат.
А. Н. С.