Извори од лидерската брифираат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски на средбата започнал со обид да ја одолговлекува расправата и да отвора теми кои не биле на дневниот ред.
Очигледно било дека Мицкоски не бил спремен за реална дискусија туку за избегнување. Претседателот на СДСМ настапил отворено со ставовите кои и јавно ги соопшти.
Интерес на граѓаните и нивното здравје е изборите да се случат во време кога е најбезбедно на граѓаните, пред летото. Тоа е одговорно и од аспект на здравјето но и демократијата, почитувањето на Уставот, и од аспект на полесно справување со економаките последици.
На граѓаните потребни им се функционални Влада и Собрание. Не смее да се дозволи да се загрозува здравјето на граѓаните, ниту Уставот на државата.