Опозициската Партијата на слободата и правдата (ССП), ја информираше јавноста дека српскиот претседател Александар Вучиќ подготвува апсење на Мариника Тепиќ, Драган Ѓилас, Здравко Понош и Милош Јовановиќ, како и други лидери на опозицијата, под лажни обвиненија за тероризам и поткопување на уставниот поредок, пренесува Н1.
„За да се овозможи овој политички прогон, режимот на телефонска седница на Административниот комитет на Народното собрание ќе донесе одлука за укинување на имунитетот на пратениците од опозицијата, со што ќе се овозможи непречено апсење. За ова се информирани сите членови на оваа собраниска комисија од СНС“, се вели во соопштението на ССП.
Се нагласува дека ова е „уште еден очајнички потег на диктаторот да се обиде да ги заплаши граѓаните и да го оправда насилството што го подготвува“.
„Вучиќ целосно ги копира методите на диктаторот од Белорусија, апси политички противници и се заканува дека ќе ги испрати сите во затвор до 15 години. Нека биде јасно – го чекаме. Знаеме дека е во паника, знаеме дека ги брои последните денови од своето владеење. Затоа ги впрегна сите свои криминалци, силеџии, дилери и хулигани, со намера да предизвика инциденти и за сè да ги обвини студентите и опозицијата. Апсења, закани, заплашувања – веќе ништо нема да му помогне, бидејќи народот јасно му кажа дека му е доста од неговата тиранија и беззаконие. Готово е Вучиќ. Можете да апсите, но не можете да го победите народот“, се нагласува во соопштението.