Болница на организацијата „Лекари без граници“ била цел на напад во северен кварт од главниот град на Авганистан, Кабул, соопштија од нивното Министерство за внатрешни работи.
-Нападната е болница на „Лекари без граници“ во Кабул, која потоа беше посетена од авганистански висок здравствен претставник, изјави неименуван извор за британските медиуми, додавајќи дека нападот бил одбиен од безбедносните сили кои го придружувале заменик министерот за здравство.
Министерството за внатрешни работи потврди дека болницата била нападната.
Се уште не е познато кој стои зад овој вооружен напад и колку жртви има во него.
„Лекарите без граници“ засега не го коментираа инцидентот./МИА/